| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Ханам како крал Артур во новиот филм на Гај Ричи?

charlie-hunnam2

Ѕвездата на серијата „Синови на анархијата“ (Sons of Anarchy), Чарли Ханам наводно би можел да го игра кралот Артур во филмот „Knights of the Roundtable: King Arhtur“ на Гај Ричи.

Ханам е фаворит на Ричи за улогата на легендарниот британски крал во овој проект, кој би можел да се реализира во шест филмови.

Минатиот месец медиумите јавија дека Идрис Елба најверојатно ќе го игра советникот на таткото на Артур во овој филм.

Новиот филм на Ричи „The Man from U.N.C.L.E.“, во киносалите пристигнува во јануари следната година, а Ханам токму сега го завршува снимањето на последната сезона на „Синови на анархијата“, која на малите екрани пристигнува на 9 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top