| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски: Јас сум воспитан од своите родители со сите да бидам добар и културен

Daniel Kajmakovski (6) (Custom)

Даниел Кајмакоски завчера од Битола тргнал на пат кон Струмица каде имал закажано настап. Во меѓувреме го контактирале од базенот „Снупи“ и го замолиле да отиде во Велес. Како што вели тој, за таму немал закажано ниту настап, ниту пак му било кажано дека треба да биде член на жири-комисијата.

-Знаев дека Маид е таму затоа што многу се дружиме и кога е во Македонија или јас во Босна секогаш се гледаме. Јас одговорив дека тоа зависи од тоа кога ќе тргнам од Струмица, бидејќи имам важен состанок во Битола, но дека ќе се обидам да стигнам на време. Реков дека ќе дојдам барем на неколку минути да ги видам, иако се брзав. Дојдов таму и уживав покрај бината кога пееше Маид, останав малку повеќе од половина час. Се поздравив со Маид и му посакав успех за денеска, има друг настап и тргнав за Битола, – вели Кајмакоски за Курир.

Иако биле договорени да остане само неколку минути, Даниел поради своите обожаватели останал многу повеќе. Се фотографирал со дечињата и давал автограми на своите обожаватели.
– Дури потоа си заминав, морав да продолжам за Битола. Јас не бев ни најавен како гостин таму, никој не ме информира дека треба да бидам таму. Никогаш немаше муабет за да бидам во жири, не ни знаев дека има некој натпревар за таленти. Само знаев дека е Маид таму. Кога стигнав видов дека има нешто со млади таленти, дека пеат и дека има жири, истакнал во изјава за Курир, славниот македонски пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top