| четврток, 6 декември 2018 |

ИД убила десетици сириски војници кои се обиделе да избегаат од аеродромот Табка

Protest in BaghdadПрипадниците на Исламската држава (ИД) синоќа убиле десетици сириски војници, кои се обиделе да избегаат од воениот аеродром Табка, кој се наоѓа во северниот дел од земјата, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

– Џихадистите синоќа убија десетици сириски војници фатени во бегство, откако ИД ја презеде контролата врз воздухопловната база Табка, изјави шефот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Борците на ИД се „пофалиле“ на Твитер дека убиле 200 војници на сирискиот режим.

Екстремистите ја освоија Табка во неделата по повеќенеделните борби околу базата, со што дополнително ја зајакнаа контролата врз провинцијата Рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top