| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесетичетири годишно момче е жртвата во синоќешната сообраќајна незгода

soobrakajka
Дваесетичетири годишно момче е жртвата во сообраќајната незгода што се случи синоќа на автопатот Кичево – Гостивар кај м.в„Сатеска“. Се судриле „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, управувано од Ќ.М.(1975) од с.Подмоље – Охрид и Моторцикл „Кавасаки“ без регистарски ознаки, управувано од Бетим Ш.(1990) од Кичево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Бетим кој починал на лице место, а Ќ.М. по укажаната лекарска помош во Кичево е пренесен во Ургентен Центар Скопје.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПО за БПС-Кичево.Сообраќајот бил во прекин од 18.20 до 20.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top