| четврток, 6 декември 2018 |

Јацењук ги повика САД, ЕУ и Г-7 да го замрзнат рускиот имот

jacenjuk
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ги повика денеска САД, ЕУ и земјите од Г-7 да го замрзнат рускиот имот, се додека руските сили не се повлечат од украинска територија.

Јацењук на седница на Владата, побарал од „САД, ЕУ и земјите од Г-7 да ги замрзнат рускиот имот и финансии, се додека Русија не ги повлече вооружените сили, опремата и агентите“.

Јацењук истакна дека Министерството за финансии ќе и продаде на Централната банка 430 милиони долари за да придонесе за стабилизација на украинската валута, гривната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top