| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец загинал во Сирија

Aktuale-abu_bakr_535273637Дваесет и тригодишен скопјанец загинал во Сирија, објави дневниот весник на албански јазик, „Коха“. Според нив се работи за Бурхан Беслими кој живеел во населбата Гази Баба. Околностите во кои загинало момчето засега се непознати, а ниту се знае кога тој заминал во Сирија.
Со смртта на Беслими, бројот на убиени Албанци од Македонија на боиштата во Сирија се искачи на девет. Минатата недела беше убиен стружанец, кој пред заминувањето во Сирија живеел во Австрија, а пред повеќе години се откажал од македонското државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top