Следната 2013 година ќе биде најтопла од 1850 година, а тоа ќе биде предизвикано од промената на климата, прогнозираатиструвачите.
Прогнозата се темели врз истражувањето и податоците од Универзитетот Ист Англиiа, Институтот Годард во САД и Националната океанографска и атмосферска служба во САД.
„Растечките температури се последица на промената на глобалната клима и зголеменото емитување на гасови и предизвикување на т.н. „ефект на стаклена градина”, изјави климатологот Дејв Бритон.
Поголемиот просек на глобалните температури не значи дека ќе се затопли во сите делови на светот. Промената на климата ќе има поинакви ефекти врз различни региони.
Инаку, според податоците на Светската метеоролошка организација, 11 од 12-те најтопли години во историјата се оние од 2001 година па наваму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



