| четврток, 6 декември 2018 |

Инфлацијата на Крим достигна 21 процент

400207_ukrajina-rusija-krim--vestionline_f
Растот на цените на Крим во периодот јануари-јуни 2014 година достигна 21 проценти, а во Севастопол 16,6 проценти, што значително ја надминува просечната инфлација во Русија која во тој период изнесуваше 5,3 проценти. Раководителот на руската Aгенција за статистика Рос-стат, Александар Суринов, укажа дека тоа е така поради балансирањето на цените. Во последно време сериозно се зголемени платите и приходите на жителите на Крим.

Ова сега се одразува и на цените. Повеќе нема граница, а Крим и Севастопол се дел од националниот руски пазар, вели шефот на Рос стат.

Тој додаде дека во оваа година податоците за Крим и Севастопол сеуште нема да бидат вклучени во општиот индекс на цените во земјата, бидејќи податоците се обработуваат за цела година. На тој начин, според Суринов, податоците за Крим и Севастопол ќе бидат вклучени во рускиот индекс на цените од почетокот на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top