
Полицијата во Омаха, град во американската сојузна држава Небраска, отвори оган со цел да спречи наводен грабеж во ресторан за брза храна и уби две лица за време на снимање на телевизиското реално шоу „Полицајци“, соопштија локалните власти.
Шефот на полицијата Тон Шмадерер изјави дека очевидци на настанот и полицијци мислеле дека пластичниот пиштол што го носел мажот е вистински и дека тој прв „отворил“ оган, пред полицијата да возврати.
Мажот бил погоден од полицијата и успеал да излезе од ресторанот, но набрзо паднал. Полицијата, сепак, продолжила да пука во него и погодила еден член на програмата „Полицајци“, изјави Шмадерер, додавајќи дека тројцата полицајци што учествувале во инцидентот постапиле според правилата.
Во инцидентот убиени се 38-годишен Брис Дион, што работел за „Ленгли продакшн“ и 32-годишниот Кортес Вашингтон.
Реалното шоу „Полицајци“ се прикажува во најмалку 140 американски градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


