Номинацијата на италијанската министерка за надворешни работи Фредеика Могерини за шеф на дипломатијата на Европската унија е речиси сигурна, тврдат европски извори цитирани од француски медиуми.
– Нејзината номинација веќе не е предмет на сомнение, тврди извор.
– Никој не гледа друга алтернатива, но се уште ништо не е конечно, тврди друг извор на кои се повикуваат француски медиуми.
Италија ја поддржува кандидатурата на Могерини за шеф на дипломатијата на ЕУ за што ќе биде назначено од државните и владини претставници на ЕУ на вонредна средба в сабота.
На претходната средба на врвот на 16 јули немаше согласност меѓу лидерите од ЕУ. Кандаитурата на Могерини беше блокирана од неколку источно-европски држави членки на ЕУ кои тврдат дека таа јсо своите ставови искажува поддршка за Русија во украинската криза. Другата кандидатка е сегашниот еврокомесар за хуманитарни прашања Кристалина Георгиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.