| четврток, 6 декември 2018 |

Руски војници ја преминале границата и влегле во Украина

ruski-vojnici-bez-oznaki-blokira-ukrainska-baza-5
Руски војници ја преминале границата на Русија со Украина и влегле во источниот украински град Амросиевка, изјави Андриј Лисенко, портпарол на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Лисенко додаде дека војниците влегле со оклопни возила и камиони.

– Во борби во градовите Горловка и Иловајск убиени се 200 проруски сепаратисти и уништени се тенкови и ракетни системи, додаде тој.

Во изминатите 24 часа во борбите во Украина загинале 13 украински војници, а 36 се повредени. Истовремено, проруските сили соопштија дека околу 130 украински војници се предале во реонот на селото Старобешево, јужно од Доњецк. Засега Киев не ја потврди оваа информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top