| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во јули пораснало за 5,9 отсто

индустрија

Продолжува позитивниот тренд во индустријата, кој е присутен веќе подолг период. Имено  според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во  јули 2014 година во однос на јули 2013 година изнесува 105.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули  2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи опаѓање од 12.0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.6 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.5 отсто, Капитални производи за 47.6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија  за 8.8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.2 отсто.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на  периодот јануари – јули 2013 година, изнесува 104.7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top