
Вчерашниот инцидент во Собранието на Република Македонија, според СДСМ, е резултат на политиките на насилство, конфликтност и поделби.
Од СДСМ сметаат дека никаква Анкетна комисија не е може да биде решение, поради, како што велат, несериозното функционирање на властa.
По скандалозниот 24 декември, изјави денеска Горан Сугаревски од СДСМ, јасно беше дека во Македонија е укината парламентарната демократија.
– Прашање на време беше кога ќе се случи нов инцидент во Собранието и може само да се претпостави што уште може да се случи. Нарачателите и извршителите на насилството на 24 декевмри останаа неказнети и не понесоа никаква одговорност, рече Сугаревски.
Додаде дека поради фактот што за настаните од 24 декември никој не понесол се праќа порака до пратениците дека насилството и тепачките во Собранието се прифатлив начин на однесување и дека се може да помине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


