| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат кражбите на македонски регистерски таблички во Грција

табли

Во вторникот на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин.

Случајот е пријавен од страна на жител на Кавадарци, сопственик на возило марка „сеат кордоба“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека во вторникот во Грција му биле украдени комплет регистерските таблички, по што случајот не бил пријавен во грчката полиција.

Покрај овој случај, исто така, и на граничниот премин „Меџитлија“ бил регистриран уште еден случај на украдени регистерски таблички. Случајот е пријавен од страна на жител на Струга, сопственик на возило марка „ситроен C5”  од кое биле украдени регистерските таблички.

Стружанецот пријавил дека во вторникот во грчкиот град Пефкохори од неговото возило биле украдени комплет регистерските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција.

Со овие два нови случаи на украдени регистерски таблички  бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно единаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Грција, соопштуваат од МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top