
Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан по повод големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица.
– Дозволете ми вам лично, на членовите на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да ви го честитам големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица. Празнувајќи го овој празник, да се потсетиме на добрината, кроткоста и трпеливоста на Пресвета Богородица, да си споменеме за нејзината љубов и мајчинска грижа, но и да се потсетиме на нашите мајки, на нашите родители, на нашите постари. Како што Христос ја имал блиску при себе својата Мајка, така и ние да ги имаме за блиски нашите родители, вели премиерот Груевски во честитката.
Нека Пресвета Богородица, додава Груевски, биде наша водилка, наша поткрепа, нека подари здравје и љубов во сечие семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


