| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Џесика Паркер им даде имиња на секој чифт чевли од новата колекција

Прекрасната актерка на секој поединечен чифт чевли му даде име на некои од жените на кои таа им се восхитува.

Првите чевли од одличната деби колекција, актерката ги нарече Blythe pump, со што и оддаде почит на големата актерка Блит Денер, за што дизајнерката ќе каже:

„Овие прекрасни чевли се олицетворние на софистицираност. Тие потсетуваат на жена со силен карактер што живее во метрополата“, вели Џесика Паркер.

Покрај Blythe pump, актерката еден чифт чевли нарече и по дизајнерката што ги креираше костимите за култната серија Сексот и градот, Патриша Филд.

„Таа имаше неверојатно влијание врз мене и секако, врз многу други девојки ширум светот. Без нејзините совети и избори, Кери Бредшо никогаш немаше да биде комплетна“, вели актерката.

Потоа, Сара Џесика Паркер ги споменува и Serge чизмичките, наречени по нејзиниот долгогодишен стилист Серџ Нормант, и последни, но не и помалку важни се оние наречени по нејзината сестра – Rachel pump.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top