
Дополнителна субвенција за пченицата, најавува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За висината на поддршката денеска на прес-конференција ќе информира ресoрниот министер Михаил Цветков.
До 31 јули годинава се ожнеани околу 82.210 хектари пченица или 87 отсто од површините. Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 тони на хектар и доколку се задржи на ова ниво, се очекува производство од 330.000 тони што претставува зголемување
за околу 20 отсто или 53.000 тони во споредба со минатата година.
Според Министерството, до почетокот на август се откупени околу 75.000 тони или 66 проценти од вкупните лански количини, што е зголемување за околу шест отсто во споредба со истиот период минатата година, кога биле откупени 70.000 тони.
Просечна откупна цена на меркантилната пченица од реколтата 2014 за јули изнесува 10,74 денари за килограм.
Во 2013-та беа ожнеани 93.646 хектари од кои е остварено производство од 280.929 тони со просечен принос од околу три тони на хектар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прилепските земјоделци на протест: Домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (видео)
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Божиќната пченица носи среќа и благосостојба: Денеска, на Света Варвара треба да ја посадите!
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни


