| четврток, 6 декември 2018 |

Руската флота ја доби третата „црна дупка“

Уште една дизел-електрична подморница од проектот 636 „Варшавјанка“, наменета за Црноморската флота, ќе биде пуштена во водите Црното море во четврток, истакнато е во Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Се работи за подморница од третата генерација со депласман од 3.100 тони. Таа развива брзина од 20 јазли и плови на длабочина до 300 метри.

Овие подморници можат да откријат цел која е на 3-4 пати поголема далечина од онаа на противникот. Поради својата „невидливост“, во НАТО оваа подморница е наречена „црна дупка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top