
Како што рекол генералниот секретар на НАТО, на претстојниот самит на НАТО, на почетокот на септември во Кардиф, тој ќе се обиде да ги премости разликите меѓу членките на воениот сојуз за прашањето на воените бази во близина на руската граница.
– Ќе донесеме она што се нарекува акционен план, чија цел ќе биде можноста брзо да се дејствува во новите безбедносни услови во Европа. Веќе го поседуваме она што се нарекува сили за примарно дејствување на НАТО (силите за берза реакција на НАТО), коишто можат да бидат распоредени во брзо време, доколку има потреба – вели Расмусен.
Челникот на НАТО вели и дека за да се овозможи брзо организирање на поддршката, „потребни се специјални објекти во земјите домаќини“.
– Тоа би вклучувало благовремена подготовка на материјали, опрема, инфраструктура, бази и команди. Како резултат на тоа, во иднина ќе гледате ‘повидливо’ присуство на НАТО на истокот од Европа – вели Расмусен.
Германската канцеларка Ангела Меркел минатата среда по средбата со латвиската премиерка Лајмдота Стаујума во Рига изјави дека во моментов не станува збор за долгорочно разместување на единиците на НАТО во блатичките земји. Од почетокот на украинската криза, дополнителни американски и британски воздухопловни, како и копнени единици, ги засилија вообичаените ротации во земјите на Балтикот, кои стравуваат дека Русија, би можела по примерот на Украина, да интервенира поради заштита на руското малцинство во овие поранешни советски републики.
Во рамките на подготовките на самитот на НАТО на 4-ти и 5-ти септември, функционери од Полска, Латвија, Литванија и Естонија, изјавија дека поради чувството на загрозеност од Русија, предложиле на состанокот на врвот на Алијансата да биде разгледана можноста за употреба на противракетниот штит.
Европските медиуми деновиве пишуваа дека западните европски земји членки на НАТО, во прв ред Франција, Италија и Шпанија, не ја подржуваат инцијативата на полските и балтичките сојузници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


