
Уште еден млад Косовец загинал на боиштата во Сирија,како припадник на џихадистите.
Станува збор за М.Л.(25) од Скендерај (поранешна Србица), со што бројот на загинатите Косовци, се искачи на 38, иако се верува дека бројката е поголема.
Пред два дена косовската полиција на приштинскиот аеродром не му доволила да замине за Турција на Грамос Шабани од Милошево кај Обилиќ, поради основан сомнеж дека крајната дестинација на Косовецот со белгиско државјанство била Сирија за да се приклучи на терористичките групи на ИДИЛ.
Тој со себе имал материјали во кои се искажува симпатија кон ИДИЛ. Веднаш му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Деновиве од аеродромот беше вратено 16-годишно момче од Витина, кое изјавило дека оди за Турција каде ќе го чекале некои луѓе за да го префлат во Сирија. Тоа било без родители, живеело со баба си и помалата сестра, во многу голема сиромаштија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


