
Северноатлантската алијанса треба активно да интервенира против терористичките бази во било која област, изјави чешкиот претседател Милош Земан.
Според Земан, терористичките ќелии лесно може да влезат на територија на Чешка, па затоа е неопходно да се води борба со активни, селективни операции против терористичките бази, без разлика на која територија тие се наоѓаат, јави дописникот на МИА од Прага.
Земан вели дека при нападите, би требало да се користи нова воена технологија, како што се беспилотните летала, додавајќи дека времето „кога сме се надевале дека во земјите со различна култура ќе воведеме демократски, плуралистички систем е неповратно изгубено“.
Ова, сепак, според Земан, не значи дека Чешка би требало да ги прекине или да ги ограничи односите со арапските земји, како што најчесто се анализираат неговите изјави.
Чешкиот претседател информираше дека го поканил новиот египетски претседател Абдел Фатах ал Сиси во посета на Прага. Земан спомена, дека иако исламистичката закана за Чешка е подалечна од војната во Украина, не треба да се потценува.
Земан потсети дека, некому може декларацијата на радикалите од Исламската држава за тоа дека својот калифат прогласен во Сирија и во Ирак ќе го рашират во Европа може да му се чини како луда идеја. Но, предупреди дека исто така луѓето порано ја сметаа и книгата „Мојата борба“ на Адолф Хитлер. Тој оцени дека противникот е силен и решителен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


