Според информациите од подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка, месецов се регистрирани два случаи на заболени од хепатит А.
-Првите две лица заболени од жолтица годинава се пријавени во нашиот центар овој месец. Станува збор за две пациентки жители на Крива Паланка кои работат и престојуваат во Скопје. Едната е на возраст од 30 години и се заразила при контакт со својот сопруг кој претходно се разболел од хепатит А, додека кај другата пациенка изворот на заразата сеуште е непознат, изјави Елена Крстевска од ПЕ на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка.
Според Крстевска, пациентите немале некои карактеристични симптоми на болеста.
-Двете заразени не пројавиле класични симптоми на жолтица, освен малаксаност, главоболка и губење на апетитот. Инаку карактеристично за заболените од хепатит е жолтило на кожата, пожолтеност на склерите т.е. белките на очите и темна боја на урината, рече Крстевска.
Крстевска потенцираше дека и двете пациентки имале матични лекари од Скопје, каде се јавиле на преглед и оттаму биле препратени на Инфективната клиника во Скопје каде биле хоспитализирани.
Препораките до граѓаните од медицинските лица за превенција од жолтица се да се обрне поголемо внимаие на одржување на хигиената, пред се често миење на рацете, како и консумирање течности и лесна храна богата со витамини.
Инаку, овие два случаи се единствеnи годинава, додека лани не е регистриран ниту еден заболен од жолтица во Крива Палака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст