Најавената посета на Папата Франциск на Тирана, на 21 септември, е голем настан за Албанија. Во албанската метропола се најавени илјада странски новинари.
– Конгресната палата ќе биде прес центар за странските, албанските и новинарите од регионот кои ќе ја следат посетата на Папата, во чиј авион ќе бидат 70 новинари. Но, неговата посета ќе ја следат илјада новинари, меѓу нив и на најпознати странски станици, кои веќе имаат акредитација за присуство тој ден во Албанија, изјави албанската министерка за култура Мирела Кумбаро, чиј ресор е надлежен за организација на посетата на Папата.
Поради посетата на папата интензивно се работи на уредуваше на плоштадот „Мајка Тереза“ каде папата ќе одржи миса.
– До десети септември ќе бидат исчистени фасадите на сите објекти на плоштадот „Мајка Тереза“, потоа Конгресната палата и Националиот исторски музеј и ќе заврши реконсрукцијата на скалите и тротоарите. Владата издвои средства во износ од милион долари за завршување на овие работи, додека општина Тирана 10 илјади долари за уредување на просторот кај фонтаната и осветлување на плоштадот, изјави министерка за култура Мирела Кумбаро.
Ова е првата посета на Папата на една европска земја. Тој деновиве посочи зошто се одлучил токму за Албанија.
– Во Албанија одам поради две значајни нешта. Прво бидејќи успеаа да формираат држава и да мислат за Балканот, единството помеѓу муслиманите, православните и католиците со еден заеднички верски совет кој многу помага во верската хармонија. Ова е нешто најдобро, зашто има хармонија. Второ, мојата посета е да им е упати порака до сите народи дека може да се работи заедно, изјавил Папата.
Папата Франциск е втор папа кој ја посетува Албанија. Прв на албанска земја стапна Папата Јован Павле Втори на 25 април 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија