| четврток, 6 декември 2018 |

Велешани добиваат совети како да се откажат од цигарите

pusenjeСекој вторник и четврток од 10 до 12 часот во  Советувалиштето за одвикнување од пушење во ЈЗУ  Центарот за јавно здравје во Велес од овој месец  бесплатно советување за одвикнување од пушење можат да добијат сите заинтересирани граѓани. На почетокот од функционирањето на ова советувалиште едукативно се обучија од 70 до 75 здраствени работници од здраствените   установи од Велес, информира Ефтим Димитриев раководител на советувалиштето.

– Заинтересираните кои сакаат да ги посетат предавањата треба да се пријават во Центарот за јавно здравје. Предавањата  се изведуваат во групи по десетмина. Освен пушачи можат да се пријават и непушачи и оние кои веќе се одвикнале од пушење и да споделат искуства на оваа тема, потенцира Димитриев.

Потсети дека Советувалиштата за одвикнување од пушење во земјава  се отворија по препорака на Министерството за здравство, а одлуката за нивно отварање  на 18 март годинава  беше донесена на состанок во Институтот за јавно здравје во Скопје каде се одлучи за создавање на мрежа на вакви советувалишта во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top