Трката на штикли на Широк Сокак, по примерот на бројните светски трки и со меѓународни стандарди, вечерва по трет пат ќе се одржи во Битола. Почетокот е закажан за 21 часот. Водител на манифестацијата ќе биде Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ќе ја следи тричлено жири во состав на јавни личности. Покрај трката предвидена е и богата музичка програма.
Во Трката на штикли на Широк сокак, учествуваат девојки од цела Македонија кои се натпреваруваат во две полуфинални трки и една финална трка, а годинава на стартот ќе застанат и познати манакенки.
За сите натпреварувачки се предвидени вредни награди.
Трката на штикли во Битола се организира по примерот на повеќе европски градови, како што се трките кои се организираат на улиците “Кнез Михајлова” во Белград и “Страдун” во Дубровник.
Младинскиот културен центар- Битола го има заштитено брендот „Трка на штикли” со што го има ексклузивното право да организира ваков настан во Македонија.
Трката се организира како дел од битолско културно лето Битфест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром