Еден од финалистите на музичкото шоу „Икс-фактор“, Босанецот Маид Хеќимовиќ, кој моментално се релаксира во Охрид, додека се возел со глисер, доживеал непријатност, тврди негов пријател.
Маид заборавил да го провери резервоарот, па набрзо останал ни ваму ни таму – среде езеро. Но за малерот да биде уште поголем, мобилниот не бил со него бидејќи го заборавил на плажа.
– И кога помислил дека се е изгубено, му се насмевнала среќата. Двојката која била во другиот пловен објект што му се приближил , без двоумење му излегла во пресрет и тој безбедно се вратил на брегот. Задоволството на крајот било заемно, особено затоа што двојката која му помогнала, всушност била одушевена од него за време на шоуто Икс Фактор и всушност тој бил нивниот фаворит за победа и човекот за кого гласале.Денот им завршил со убава дружба и заедничко излегување, пишува Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.