| четврток, 6 декември 2018 |

Во експлозија на автомобил-бомба во Багдад загинаа 15 лица

Фото: ЕПА (архива)

Фото: ЕПА (архива)

Најмалку 15 лица загинаа, а 37 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во источниот дел на ирачкиот главен град Багдад, соопштија полициски и медицински извори.

Инцидентот се случил во утринските часови во делот на Нов Багдад, кој е населен главно со шиити.

Нападот следел откако во серијата вчерашни експлозии во ирачкиот главен град загинаа повеќе од 20 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top