Бактериите во човечките црева го формираат нашиот вкус за храна, покажаа резултатите од истражувањето, спроведено од тим научници од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско и од универзитетите во државите Аризона и Ново Мексико во САД.
Научниците дошле до заклучок дека бактериите во цревата, не само што извршуваат пасивна функција, помагајќи во апсорпцијата на храната, туку влијаат и врз изборот на храната, и така го „принудуваат“ човекот да конзумира одредени производи.
Истражувачите тврдат дека бактериите се разликуваат по типот хранливи материи, кои им се потребни. За опстанокот на едни се потребни масти, а на други – шеќер. Лабораториските студии покажале исто, дека бактериските клетки „се натпреваруваат“ за храна и место во гастроинтестиналниот тракт. Тие влијаат на изборот на производите кои ги конзумираме, испраќајќи посебни сигнали до мозокот. Преку имунолошкиот, ендокриниот и нервниот систем, овие молекули влијаат на физиолошките реакции и однесувањето на човекот. Микробите ги менуваат нервните сигнали кои влијаат врз активностите на сетилото за вкус. Тие исто така произведуваат токсини кои ја нарушуваат самодовербата, или пак хемиски „стимулатори“, од кои човекот се чувствува особено добро.
Експериментите покажале дека некои видови бактерии можат да го подобрат расположението, дури и кај луѓе кои се во тешка депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст