| четврток, 6 декември 2018 |

Талат Џафери и Орхан Ибраими се степале во Собрание

feri

Пратеникот од ДПА Орхан Ибраими и неговиот колега од ДУИ, Талат Џафери се степале во Собрание. Инциденот избил за време на собраниската Комисија за финансирање и буџет. По вербалната расправија дошло и до физичка пресметка меѓу двајцата народни избарника.

Тие се обвинувале кој е поголем крадец и предавник. Ибраими  ги нападнал пратениците од ДУИ Реџеп Исмаили и Талат Џафери, тврдејќи ека тие не се грижат за Албанците. Фрлил пенкало кон својот колега. Веднаш потоа започнала физичката пресметка, меѓусебно си упатиле и по неколку тупаници. По ова се вклучилe повеќе пратеници во тепачката по што региралo обезбедувањето.  Еден од пратениците побарал и лекарска помош кај докторот во  собраниската зграда.

Екипата на Република јавува дека пред собраниската зграда има зголемено присуство на полиција. Новинарските екипи се собрани во собраниската зграда. Пратениците од ДУИ молчат, велат Талат Џафери е тој што е одговорен за комуникација. Се повикуваат на него. ДПА пак најави прес-конференција за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top