| четврток, 6 декември 2018 |

Искусен форензичар тврди: Снимката од убиството на Фоли е лажна!

Страшната снимка од убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли најверојатно била наместена, а ликвидацијата се случувала зад камерите, тврдат форензичарите! Британски „Телеграф“ објавил анализа која ја извршила една агенција за форензика, која ги покажува сомнителните детали и траги од дополнителното уредување на снимката.
фоли
Фореничарскиот аналитичар кој разговарал со весникот нагласил дека никаде на снимката не се гледа крв, иако ножот го пресекол вратот најмалку 6 пати. Звуците кои Фоли ги произведувал исто така не одговарале на тоа што се очекува под тие околности. За време на говорот на Фоли, се појавуваат пречки, кои можеби укажуваат на тоа дека американскиот новинар морал да повторува една реченица.
– Мислам дека снимката е лажна- рекол еден од експертите кои го проучувале видеото . -Мојот впечаток е дека убиството се случило кога се изгаснале камерите -додал тој .
Да потсетиме, џихадистичката организација Исламска држава минатата седмица објавила снимка на која се гледа како нејзини припадници му ја сечат главата на американскиот новинар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top