Партнерот не може да ги чита вашите мисли, а со тоа ако нешто упорно прави, а вам тоа никако не ви се допаѓа, едноставно ќе треба да му кажете. Ви ги претставуваме шестте ставки на кои би требало да обрнете внимание за да можете без проблеми да уживате во сексот:
Не знаете што сакате
Проблемот на голем број на жени е тоа што не знаат што сакаат или ако знаат не знаат како тоа да му го соопштат на партнерот. Мажите не можат да ги читаат вашите мисли, така да ако нешто упорно прави, а вам не ви се допаѓа, треба едноставно да му го кажете тоа. За да знаете што точно сакате, треба прво да се познавате сами себе. Еден од најдобрите начини е секако мастурбацијата. Тоа не е страшно, во прашање е едно доста интересно сексуално истражување по што ќе знаете што на вас како делува.
Страв ви е да не ги повредите чувствата на партнерот
Луѓето се плашат да разговараат за своите желби и фантазии бидејќи не знаат како нивниот партнер ќе реагира на тоа. Затоа направете увертира за таквите работи, така што ќе тргнете со ситни чекори. Обрнете внимание на тоа каде да ве бакнува или пофалете го со нежен допир и се понатаму ќе се одвива само од себе.
Постојано глумење
Како сакате да ги исправите вашите проблеми во сексуалниот однос кога вашиот партнер не ни знае дека проблем воопшто постои бидејќи вие постојано глумите дека се е супер и дека така треба. Ако ви е непријатно, едноставно отидете во друг правец. Впуштете се во авантура, бидете отворени да пробате разни нови работи и со таквото однесување ќе го наведете партнерот да ве следи и проблемот заеднички ќе можете да го решите многу брзо и лесно.
Трема која ве парализира
Постојат луѓе кои се многу срамежливи и кога ќе дојде до сексуалниот чин, голема е веројатноста дека едноставно ќе престанат да се мрдаат. Дознајте што се случува, истражувајте и опуштете се најмногу што можете. Ако сте нервозни или ви е непријатно, имајте на ум дека никој на ништо не ве присилува и дека имате глас во оваа приказна. Полека, но сигурно, ослободете се и веќе ќе уживате, Разговарајте со партнерот и бидете си поддршка еден на друг.
Не очекувајте дека партнерот ќе ги прочита вашите мисли
Невозможно е. Тоа нека ви е јасно. Убаво е кога делува дека партнерот може тоа да го направи, но навистина не може. Ќе морате разумно да се прилагодите еден на друг, но кога ќе менувате нешто во сексуалнот чин, речете го тоа. Бидете опуштени.
Не сакате да го уништите моментот
Голем број на луѓе сметаат дека комуникацијата за време на сексот е непотребна и дека со разговор може да се упропасти секоја забава и задоволство. Од друга страна пак, ако на партнерот јасно и едноставно му кажете „Посилно“, тогаш тоа е сосема во ред. Мора да сте свесни дека тука сте затоа што двајцата сакате и дека не би требало да водите никакви преговори. Нормално е да кажете што сакате, посебно ако сте во одреден занос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.