| четврток, 6 декември 2018 |

Се удавил во реката спасувајки ја соседката

Светислав Џекиќ (65) бил пронајден мртов во коритото на реката Јошавка во близина на Бања Лука.

Несреќниот човек во саботата доцна попладнето исчезнал во надојдената река, кога се лизнал од мостот оштетен од поплавите во почетокот на август, додека се обидувал  да и’ помогне на соседката  Дијана Лазиќ.

Во моментот  на несреќата присутни биле и соседите и неговиот братучед Дарко Џекиќ кои само беспомошно гледале  како водата го носи телото на Светислав.

Неговото тело било пронајдено во саботата во 8:30 наутро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top