Како би се утврдило дали еден поштар доставувајќи пакет го покажал својот пенис пред малолетничка, судијката во град во северозападна Германија одредила пенисот да биде измерен, пишува весникот „Билд“.
Мајката на малолетничката во градот Леар во Источна Фризија, поднела пријава против поштарот, во којашто тврди дека при предавање на пакетот на нејзината ќерка го отворил шлицот од панталоните при што се видел неговиот пенис.
Поштарот ја одрекува вината, а наспроти исказот на малолетничката и на нејзината мајка, се неговите исказ, како и на неговата сопруга.
Притоа, исказот на сопругата би можел да се покаже како клучен. Имено, како што истакнува весникот, во судскиот записник останало забележано дека таа рекла „Извини злато, но твојот пенис е прекус, не може да ѕирка од панталони“.
Судијката реагирала на тој исказ и одредила половиот орган да биде измерен. Не го прифатила предлогот на одбраната обвинетиот да го покаже пенисот пред судскиот совет.
„Доколку сопругата така се изјасни пред судот, тогаш морам да реагирам. Наједноставното решение е судската медицина во округот Олденбург да утврди колку навистина има сантиметри“, образложила судијката во својата одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.