| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели пристигна во Ливерпул

Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели (24) во понеделникот официјална стана нов член на англискиот вицепрвак Ливерпул со кој потпиша „долгогодишен договор“, објави клубот од „Енфилд“.

На тој начин Балотели се врати во Италија по само една ипол сезона мината во Минал, а во екипата на „редс“ би требало да биде замена за Уругваецот Луис Суарез, кој премина во Барселона.

„Многу сум среќен, Ливерпул е еден од најдобрите клубови во Европа, а овде фудбалот е на многу високо ниво“, рече Балотели.

Вредноста на трансферот не е објавена, а се шпекулира дека Ливерпул му платил отштета на Милан од 16 милијарди фунти.

Балотели ја започна професионалната кариера во милански Интер од кој во 2010 година мина во Манчестер Сити, каде настапуваше до јануари 2013 година и заминувањето во Милан.

Иако несомнено се работи за врвен фудбалер, доведувањето на Балотели претставува ризик за секој клуб поради неговото непредвидливо однесување како на теренот така и надвор од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top