| четврток, 6 декември 2018 |

На 1. септември штрајк во најмалку 600 српски училишта

Унијата на синдикати на просветните работници на Србија најави штрајк на 1. септември на кој ќе учествуваат вработените од 600 училишта.

Унијата го закажа штрајот без претходно да разговара со надлежните министри.

– В понеделник ширум Србија ќе штрајкуваат сите 30.000 членови на Унијата, изјави претседателоит на Унијата на синдикати на просветните работници Драган Матијевиќ.

Тој наведе дека еден од главните барања е со ребалансот на буџетот да не се намалуваат платите на вработените во образованието и во здравството, Поради тоа Матијевиќ очекува на штрајкот да им се придружат и синдикатите од здравството и од социјалната заштита.

Синдикатот на образование на Србија не го поддржуваат штрајкот на 1. септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top