| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците предупредуваат: Се заканува апокалипса

апокалипса

Научниците кои ги проучуваат климатските промени се се погласни со предупредувањата дека во наредниот период на нашата планета и се заканува апокалипса.
Во првата деценија на 21 век, просечната температура на Земјата пораснала за 0,47 целзиусоци степени.
Научниците пресметале дека зголемувањето на просечната температура за еден степен би го зголемило испаруањето на водите во атмосферата за дури 7 отсто. Тоа, според нив би довело до поголеми воздушни струења и чести временски непогоди проследени со обилни врнежи.

Зборот „апокалиппса“ кој означува „крај на светот“ често се слушал на Првата меѓународна конференција на метеоролозите која од 16 до 21 август се одржала во Монтреал.

Речи си 1000 научници од целиот свет пет дена расправале за климатската иднина на планетата и заклучиле дека нема ниту малку простор за оптимизам.

Научниците заклучиле дека со глобалното загревање се повеќе се топат ледените површини на половите. Обилните врнежи според прогнозите ќе резултираат со големи свлечишта и неочекувани поплави.
Според нив, ситуацијата би можела да се влоши до тој степен што ќе се загрозат воздушниот и поморскиот сообраќај.
Уште сега можат да се слушнат информации за џиновски бранови кои во некои мориња и океани достигнуваат и до 40 метри, а порано, бранови високи до 20 метри биле вистинска реткост и метеоролошка атракција.
Но тоа не е крајот на црните прогнози. Научниците тврдат дека огромниот глечер на Гренланд забрзано се топи и се очекува нивото на океаните со засиленото глобално затоплување да се зголеми дури до 6 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top