| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомник стана ученик на генерацијата

Без покрив над главата, ниту било какви приходи, Грифин Фурлонг се подготвува да замине на Универзитет, благодарение на одличните оценки тој е прогласен за ученик на генерацијата.

– Давав се од себе на часовите затоа што немав што да изгубам. Откажувањето не постоеше како опција, рече Фурлонг.

Тинејџерот имал само шест години кога мајка му починала од рак, а неговиот татко не можел сам да издржува две деца па Грифин со брат му завршиле на улица.

– Бев гладен од утро до вечер и немав каде да се капам, но не сакав да дозволам тоа да влијае на моето учење. Другарите од одделението не ни знаеа дека спијам по засолништа, рече момчето.

Веднаш кога дознаа за неговиот живот, пријателите на Грифин почнаа да собираат пари. Сега во фондот за неговото образование се наоѓаат повеќе од 90.000 долари, а родителите на неговата девојка му отстапија соба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top