Досегашниот американски заменик државен секретар задолжен за Европа и Евроазија, Филип Гордон ќе биде именуван за член на Советот за национална безбедност на претседателот Барак Обама, потврди Белата куќа. Гордон, во чие портфолио спаѓаше и Македонија, од следната недела ќе биде задолжен за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот залив. Во својата кариера Гордон веќе бил директор за европски прашања во Советот за национална безбедност во мандатот на претседателот Бил Клинтон. Заминувањето на Гордон од Стејт департментот во Белата куќа беше најавено непосредно по стапувањето на сенаторот Џон Кери на местото државен секретар. Се очекува нов заменик државен секретар за Европа и Евроазија да биде Викторија Нуланд, актуелен портпарол на Стејт департментот и поранешен амбасадор на САД во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.