| четврток, 6 декември 2018 |

Гробот на Александар Македонски не е во Светиниколско

bilazora

Гробот на Александар Македонски се наоѓа во Македонија, но не е под геоглифот во Овче Поле, кај селото Црнилиште, пренесе „Вечер“. Таму, се крие голем сакрален објект, комплекс со гробница со површина најмалку двапати поголема од тоа што се гледа. Сепак, за што конкретно се работи, ќе биде објавено кон крајот на септември – изјави за „Вечер„ професорот Аристотел Тентов, кој во март годинава, заедно со истражувачки тим составен од врвни светски научници, со софистицирана опрема, без копање истражуваа на геоглифот.

Тентов за весникот потврдил дека во моментов сѐ уште работи на извештајот, се анализираат и се споредуваат резултатите од мерењата, па откако ќе бидат сублимирани ќе бидат претставени пред македонската јавност.

– Не би сакал однапред да зборувам за досега добиените податоци, особено поради договорот со моите колеги да не излегуваме со поединечни изјави.

Се работи за доволно сериозно истражување, кое треба да биде сериозно третирано бидејќи има моменти од резултатите што се на граница со сознанијата на тековната наука.

Тоа значи дека наидовме на сегменти што се новина во научната јавност, сегменти со кои научниците досега не се занимавале или, пак, не сакаат да се занимаваат – изјави за „Вечер“ професорот Аристотел Тентов.

Тој е свесен за големиот интерес на јавноста за истражувањата на геоглифот, особено по хипотезата дека таму се наоѓа гробницата на Александар Македонски, но што точно ќе биде обелоденето по неколку недели, не сака да открие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top