Спасувачките екипи доцна синоќа ја завршија неуспешната потрага по 36-годишниот маж, кој исчезна во големата дупка што одненадеж се отвори под една куќа во округот Хилсборо во сојузната американска држава Флорида.
Џеф Буш исчезна во петокот околу полноќ кога при силен тресок, заедно со покуќнината од неговата спална соба, го „проголта“ земјата. Отворот што се појавил под куќата е со пречник од околу девет метри. Во моментот кога се отворила земјата во куќата имало четворица возрасни и едно дете.
Спасувачките екипи во дупката поставија специјална опрема за детектирање на најмал звук, но ја прекинаа потрагара откако по повеќечасовмо чекање апаратите не регистрира никакв шум на преживеан.
Феноменот на ненадејните отвори во земјата не се ретка појава во крајбрежјето на Флорида, каде почвата е глинеста, а под неа има варовнички карпи низ кои лесно продира водата создавајќи шуплини и внатрешни „џебови“.
Слични појави на појава на дупки во земјата во минатото се регистирани и во американските сојузни држави Тексас, Алабама, Тенеси, Кентаки, Мисури и Пенсилванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.