| четврток, 6 декември 2018 |

Филе против референдум во Албанија

стефан филеЕврокомесарот за проширување Штефан Филе се изјасни против организирањето референдум во Албанија, на кој граѓаните треба да се изјаснат за три закони, чие усвојување е од клучно значење за европската перспектива на земјата.

Според Филе, одлуката на албанката Влада да распише реферндум за овие закони, кои се однесуваат на државната управа и на владеењето на правото, е „тешко разбирлива“.

– Повеќепати повторив дека законите кои се однесуваат на процедури треба да бидат усвојувани со консензус меѓу власта и опозицијата, се наведува во писмента изјава на Филе.

Според него, референдумот не може да биде замена за дијалогот меѓу власта и опозицијата и тој не придонесува за изградба на консензус.

Албанската Влада реши да распише референдум откако не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, колку што е потребно за исвојување на трите закони.

Донесувањето на трите закони Брисел го постави како услов за доделување на статусот кандидат за членство во ЕУ на Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top