| четврток, 6 декември 2018 |

Австријците да пијат домашно млеко

avstrija prodavniciАвстријците, поради руското ембарго на земјоделските и прехранбените производи од земјите на ЕУ, покрај домашните јаболки ќе треба да пијат домашно млеко или да јадат домашно сирење. Овој апел до граѓаните на Австрија го упати Здружението на австриските млекари. Покрај солидарноста на продавниците за домашни млечни производи неопходна е солидарност и на потрошувачите поради руските санкции, истакнаа млекарите. Трговијата не треба само засилено да се концентрира на овошјето и зеленчукот од Австрија, туку и на домашните млечни производи, потсетува претседателот Воем Хелмут Печар во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top