Во Хрватска во јули оваа година стапката на регистрираната невработеност падна од 18,3 на 17,8 отсто од работно способното население, што е најниско ниво од август 2012 година. Во однос на јули минатата година, стапката на невработеност е помала за 0,7 процентни поени. Во извештајот на статистичкиот завод се истакнува дека тоа е петти месец по ред стапката на невработеност да паѓа на месечно ниво, што се должи на сезонското вработување, најмногу во туристичкиот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


