Дали еден шеф на банка вреди колку 1000 медицински сестри? Ова провокативно прашање се покрена на почетокот годинава кога се објави платата на главниот извршен директор на банката Баркли во износ од 25 милиони фунти, доволно да се исплатат 1019 сестри, 859 социјални работници или 1265 болничари, според податоците обезбедени од водечката трговска комора .
Од почетокот на тековната финансиска криза од пред пет години, политичарите сакаат да им зададат удар на банкари, барем реторички. Американскиот претседател Барак Обама, на пример, ги нарече прекумерните бонуси на банкарите „непристојни“. Додека пак противниците на гигантските награди за банкарите и бизнисмените имаат тенденција да тврдат дека платите на банкарите се неправедни и етички неморални.
Иако бихевеиористичките науки се за ограничена помош во врска со вклучената етика сепак тврдат дека големата плата ја зајакнува ефикасноста. Платата врз основа на извршената работа стана дел од културата, па малкумина сега коментираат и поставуваат прашања во врска со тоа. Повеќето од нас сметаат дека ако се работодавци и им понудат повисока плата на вработените тие ќе се трудат повеќе околу работата. Меѓутоа едно пообемно истражување на полето на психологијата и економијата покажа дека врската помеѓу парите, мотивацијата и резултатот е многу посложена.
“Луѓето имаат три психолошки потреби – да се чувствуваат автономни, да се чувствуваат компетентни и да се чувствуваат поврзани со другите,” вели професорот Едвард Деци. Платата според него не ги исполнува овие барања.
„Акцентирањето на финансиската награда ја поткопува автономијата, а потоа и внатрешната мотивација“ вели тој. Според него парите имаат негативен ефект врз мотивацијата.
Економистите често се прашуваат колку се значајни парите, па Ден Арли дава еден навистина инетесен одговр „Ако ви се дупне гума и замолите некого да ви помогне да ја зменете без да му понудите никаква награда голема е можноста да прифати, но ако му речете дека ќе му платите еден долар, најверојатно ќе одговори дека не работи за тие пари“ Со други зборови; понудената финансиска награда од едната страна може да ја поткопа мотивацијата на другиот за извршување на работата.
Парите навистина се мотивација и поттик за работа, меѓутоа тоа се однесува на плата за обезбедување на пристоен живот. Но кога вработениот без оглед на која позиција е, а зема висока плата, дополнителен бонус нема да му ја зголеми мотивацијата за работа.
Од друга страна психолошкото влијание преку добивање на сопствени проекти, повисоки позиции (за истата плата), поголема почит, давање до знаење дека токму тој и е потребен на компанијата за таа да може да опастане се многу поголема мотивација и ефикасноста е на многу повисоко ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст