| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот во текот на летото е опасен

Во текот на летото се зголемуваат температурите, но расте и сексуалниот апетит. Експертите предупредуваат на опасностите кои се можни по летните авантури.

Ова е времето од годината кога им се препуштаме на летните задоволства, но независно од слободата што ја чувствуваме, треба да се почитуваат одредени правила при летниот секс. Освен што може да ви се расипе расположението, може да се појават и одредени проблеми.

Неколку совети:

1. Не ги оставајте кондомите во автомобилот. Високите температури може да ги оштетат кондомите и да ја намалат нивната ефикасност, кога станува збор за контрацепцијата или преносот на полните болести.

2. Избегнувајте секс на отворено, пред поподробно да „ја запознаете“ околината. Иако сексот на отворено е забавен, треба да се внимава во близина да нема други луѓе, инсекти или отровни растенија. Не е мала веројатноста дасе сретнете“ со отровен бршлен или гнезда на инсекти. Непријатниот осип или убод сигурно ќе ви го расипе доживувањето. Секогаш избирајте место кое е на сенка и такво, каде не можете дабидете фатени“.

3. Избегнувајте го сексот во вода. Може да звучи еротски и предизвикувачки, но всушност, воопшто не е добра идеја. За време на сексот во вода шансата да „закачите“ некоја полова болест се зголемува значително. Водата го мие природниот лубрикант, што доведува до зголемено триење, при што може да се добијат гребнатини и рани. Преку нив бактериите лесно можат да влезат во вашето тело. Освен тоа, сексот во вода ги зголемува и шансите за развој на уринарни инфекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top