| четврток, 6 декември 2018 |

89 луѓе повредени во земјотресот во Калифорнија

Најмалку 89 луѓе се повредени во земјотресот со магнитуда од 6 степени по Рихтер кој во неделата го погоди американското гратче Напа во северниот дел од сојузната држава Калифорнија, пренесе телевизиската мрежа ABC

napa_01
Земјотресот, кој е најсилниот во Заливот од 1989 година, предизвикал и значителна материјална штета којашто сѐ уште се проценува во гратчето Напа, кое е познато по производството на вина. Според американските медиуми, значително е оштетена инфраструктурата на гратчето, а без електрична енергија останале околу 15 илјади домаќинства.
Според пожарникарските служби, во земјотресот кој бил проследен со повеќе афтершокови кои биле почувствувани и на 60-ина километри оддалечениот Сан Франциско, нема загинати, но две лица се тешко повредени. Повредените примиле медицинска помош, главно поради рани и хематоми во медицинскиот центар „Queen of the Valley Medical” во Напа.

Американскиот геофизички институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот, со уточнета магнитуда од 6 степени според Рихтер, бил во областа на кањоните на 9 километри до Напа, а хипоцентарот на длабочина од 10 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top