Вечерва на Мостот на поезијата во Струга на Ко Ун му беше врачена наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“. Поезијата има моќ да ја направи секоја земја како родно место, а Македонија е држава на поезијата, заклучи годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата.
Тој поврзаноста на Македонија со поезијата ја пронајде од страдањата на земјата уште од праиисторискиот период.
– Македонија е сеуште жива, иако поминала безброј страдања уште од праисторискиот период, античкиот, средновековниот и од поновата историја. Од тоа искуство на страдање се формирал посилен поетски свет на еп и на лирика. Процесот на животот е всушност процес на македонската поезија, рече Ун.
Струга, како што нагласи, не е само родно место на браќата Константин и Димитар Миладинови, туку е утопијата за која човештвото се насочува и се надева.
Заедно со поетите од целиот свет, кои присуствуваат на СВП, подвлече дека ќе ја празнуваат поезијата во Струга.
– Струга е место за нашата душа. Ние поетите кои доаѓаме од цел свет, некои патуваат и по 30 часа од Австралија, поети од Бразил, Јужна Америка, Азија и од цела Европа, сме заедница за СВП, додаде Ун, споредувајќи го градот со Јужна Кореја како планинско и многу плодно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.