Медиумите секогаш се интересна цел за хакерите. Се претпоставува дека тоа и се случи и на Алфа телевизија, од чиј што фејсбук профил прво се појави пцост, а потоа и недолична слика со машки полов орган.
Присебно однесување на вработените во Алфа. Тие навремено реагираа, но сепак, останаа слики на фејсбук со коментар „Алфа во ПМС“
Од телевизијата велат: „беа пробиени безбедносните системи на ФБ страницата на Алфа ТВ. Поради тоа на ФБ страницата на Алфа ТВ се појавија постови кои не се на било кој од администраторите на нашата страница. Алфа ТВ им се извинува на нашите корисници и на гледачите заради оваа ситуација“.
Со истиот проблем се соочи и фејсбук фан страницата на Max TV на Македонски Телекомуникации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.