На Хрватот Анастазије Мартинчиќ од Пула уапсен во 2009 во Уругвај со над 2 тона кокаин, судот во Монтевидео му пресуди 15 години затвор, по што би можел да биде испорачан во Хрватска.
39 годишниот Хрват е фатен на неговата јахта со 2164 килограми кокаин кој што требало да заврши во Бар, Црна Гора. Акцијата за најголемиот „улов“ на кокаин во историјата ја спроведуваа неколку специјализирани полиции меѓу кои уругвајската, аргентинската, американската но и од други земји, наречена „Балкански воин“.
Во образложението стои дека Мартинчиќ е особено опасен бидејќи е дел од српско-хрватската нарко- мрежа, од која неколкумина се уапсени во Хрватска. Тој во Уругвај се претставувал како адвокат. Неговата јахта пловела под британско знаме. Морската полиција го сопрела пред да исплови на отворено море, а во јахтата пронашле 50 вреќички кокаин, што на европскиот пазар вреди 250 милиони евра.
Според уругвајските весници, јахтата била купена во готово за 265 илјади долари, пред да биде натоварена со кокаинот. Јахтата тргнала од Буенос Аирес кон Бар, но заради невреме провремено застанала во Уругвај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.