
Силен земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутрината северна Калифорнија, соопшти американскиот геолошки институт, но засега нема извештаи за евентуални жртви или за причинета материјална штета.
Земјотресот се случил изутрината во 3:20 по локално време, северозападно од американскиот Кањон во Калифорнија, на длабочина од 10,8 километри од површината на земјата.
Жителите на Сан Франциско, оддалечен околу 60 километри од Кањонот и на Дејвис, оддалечен околу сто километри за земјотресот веднаш ја информираа јавноста преку Твитер.
Денеска се почувствувани повеќе земјотреси, меќу кои и земјотрес во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


